Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Преговорите за платите во образованието ќе продолжат идната недела

Денешната средба за зголемувањето на платите за просветните работници заврши без конечен договор.

Министерството за образование (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) успеале ги приближат ставовите, а разговорите ќе продолжат наредната недела.

Министерот за образование, Арбер Адеми, по завршувањето на средбата во Владата, изјави дека Министерството и Синдикатот се на добар пат да постигнат решение.

„Важно е дека има приближување на ставовите. Ние како Влада сме заинтересирани да ги подобриме ситуацијата и социјалниот статус на вработените во дејноста образование“, рече Адеми.

Претседателот на Синдикатот, Јоаким Неделков, исто оцени дека е постигнат напредок, но посочи дека има уште многу работа до конечното решение. Тој најави дека следната недела ќе бидат остварени уште неколку средби меѓу Синдикатот и МОН.

СОНК бара зголемување на платите, кое ќе биде поголемо од десет проценти и ќе почне од 1 јануари в година. Од друга страна, МОН предложи платите да се зголемат 10 проценти од април. Од Синдикатот не се согласуваат со предлогот и најавуваат генерален штрајк, што би се одржал на 11 ноември доколку не бидат исполнети нивните барања.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК