Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно време со температура до 16 степени

Времето денеса ќе биде претежно облачно и свежо, во утринските часови со слаби локални врнежи од дожд, особено во југоисточниот дел од земјава, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд, особено утре во југоисточните делови. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК