24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Деспотовски: Одлуката за враќање на рамниот данок е во интерес на граѓаните

Деспотовски: Одлуката за враќање на рамниот данок е во интерес на граѓаните
Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски за денешната одлука на министерката за финансии, Нина Ангеловска, прогресивното одданочување да се стави во мирување, а да се врати рамниот данок, рече дека таа одлука е во интерес на граѓаните и се базира на сериозни анализи во министерството

-Она што е денеска презентирано како пролонгирање на рокот се базира на анализи направени во Министерството за финансии. Не сум сигурен дека нашата држава и животниот стандард може да си дозволи да левичариме. Секој одговорен политичар треба да направи анализа за потегот кој го прави. За 6 месеци можат да се направат сериозни анализи. Министерството за финансии има прецизна анализа. Не е само бизнис заедницата засегната со промената на процесот, има голем број и на млади луѓе. Кога се носеше одлуката за прогресивно одданочување имаше голема реакција зошто им се зема дел од средствата кои ги заработуваат, тоа се фриленсерите. Тие ќе бидат први кои позитивно ќе бидат засегнати со оваа одлука, вели Деспотовски.

Тој истакна дека актуелната влада е пријателски настроена кон бизнис економијата и дека нема ништо страшно во тоа да се промени одредена одлука доколу истата не го носи очекуваниот ефект.

-Нема ништо страшно да се каже мерката се спроведува не го дава очекуваниот ефект, дајте да направиме нешто друго, важно е крајниот исход да е во интерес на граѓаните, рече Деспотовски.
Директорот на фондот за иновации додаде дека нема ништо популистички односно предизборно во ова одлука на министерството за финансии.

-Интересот на граѓаните не можеме да го сметаме како популистички, популистички би било доколку се фрлат парите на земја, вели Деспотовски.