24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев во Рим и во Брисел – разговори со Конте, вечера со Могерини

Премиерот Зоран Заев денеска ќе оди на средба во Рим со италијанскиот премиер Џузепе Конте. Веста за средбата се поврзува со ставот на Италија од идниот месец да го врати во игра прашањето за старт на преговори на ЕУ со Македонија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пред една недела изјави дека Италија ќе предложи рестартирање на разговорите за проширување на ЕУ со Македонија и со Албанија уште во ноември и поради тоа премиерот Заев доби покана од него многу скоро да го посети Рим.

По средбата со Конте, премиерот Заев лета за Брисел на работната вечера што високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ја организира со лидерите на Западен Балкан.

Овој пат вечерата е закажана порано од вообичаениот термин во декември, поради тоа што се работи за последните денови на Могерини на чело на европската дипломатија и чиј мандат истекува на 1 декември. На средбата се очекува да се разменат мислења за случувањата во регионот, за предизвиците и за она што е постигнато досега. Потврдено е дека во Брисел ќе одат сите шест западнобалкански партнери.