Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ, понудата на Мицкоски е поделби и квази сојузи со други држави, затоа ќе ги загубат изборите

– Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат кај тераат, нивната понуда за обнова на режимот доведува до секојдневни скандалозни изјави од високи функционери на опозициската партија. Еден од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порача да не се покачуваат платите, друг член пак повика на припојување со други држави. Освен противење на покачувањето на минималната плата и платите во приватниот сектор, можевме да чуеме и антидржавни, антимакедонски ставови. Христијан Мицкоски наместо да се оградува од политиките на Никола Груевски жестоко ги брани. Неодговорните изјави на високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат вистинско режимско лице на оваа партија на штета на државата, изјави на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

-Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а со таква понуда можат да се надеваат само на пораз на предвремнените избори на 12 април. Додека понудата на Мицкоски е поделби и квази сојузи со други држави, СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ. Додека понудата на Мицкоски е да не расте минималната плата, СДСМ ја покачува на историски највисоки 14,500 денари и работи на ново зголемивање. Тоа граѓаните ќе го ценат на 12 април, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +