Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: СДСМ е подготвена за избори кога и да се случат, единствени што избегаа од брзи предвремени избори беа ВМРО-ДПМНЕ

-Оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев направи се во однос на интегративниот процес на државата. Подготвени сме кога ЕУ ќе одлучи да ги отпочнеме преговорите, до тогаш јасно е дефинирано на лидерската средба, побаравме брзи предвремени избори, на 22 декември, но ВМРО-ДПМНЕ побегна од избори. Ние сме спремни и за почеток на преговорите со ЕУ, секако и за брзи избори кога и да се одржат. Единствени кои што бегаат од брзи предвремени избори се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, изјави денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, одговарајќи на новинарско прашање дали постои некоj договор помеѓу партиите за одложување на изборите за 12 април, во случај да не завршат ратификациите на договорите за влез во НАТО и дали СДСМ има став во однос на едно вакво сценарио.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК