Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонија: Младо момче почина на лице место

МВР информира дека возилото управувано од 27-годишниот Б.К. од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело.

Половина час по полноќ едно лице загина на регионалниот пат Прилеп – село Ропотово, кога патничко моторно возило „пежо 307“, со прилепски регистарски ознаки излетало од патот.

Во незгодата возачот починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК