8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СООРСМ: Најголемиот број на одгледувачи на овци, задоволни со интервентната мерка, не го поддржуваат денешниот протест

По повод земјоделскиот протест организиран од неколку земјоделски и сточарски здруженија одржан денеска, Сојузот на одгледувачи на овци на реагираа со соопштение во кое се вели дека не го поддржуваат денешниот протест.

„Со оглед на донесената интервентна мерка во износ од 400 денари по продадено јагне на регистрирани кланични капацитети – можеби не во целост – но ги исполни очекувањата на најголемиот дел од сточарите. Со оглед на тоа, би сакале да искажеме благодарност до МЗШВ за овозможениот слух и разбирање на нашите проблеми и донесувањето на споменатата интервентна мерка, која по прв пат се воведува во практиката, и воедно би ги охрабрил за понатамошна соработка со цел надминување на проблемите во, според нас, најзначајната гранка за нашето општество. Исто така би сакал да искажам благодарност до чинителите на сојузот, волонтерски и напорно работеја во изминатиот период се до донесувањето на интервентната мерка од наш интерес“, се вели во реакцијата.

Официјалниот став на СООРСМ е дека го почитува ставот на најголемиот број на одгледувачи на овци, односно задоволни со интервентната мерка, не го поддржуваат протестот.

„Според тоа, став е дека 2019 година, дополнета со интервентната мерка за продадено јагне на регистрирани кланични капацитети, за нас е најуспешна од изминатите неколку години во кои трпиме големи загуби. Со оглед на тоа, СООРСМ го најавува првото собрание на средина од месец Ноември, на кое би станало збор за досегашните резултати, и плановите односно стратегијата за иднинната на овчаратвото во нашата земја. Со Почит Никола Ѓеоргиев претседател на СООРСМ“, додаваат од Сојузот на одгледувачи на овци.

Спонзорирано: