Прилеп е нашиот предводник на правиот пат. И кога фашистичка чизма згазна, охрабрувајќи ги прилепчани но и сите граѓани на нашатата татковина. Прилеп е нашиот предводник кон слободата. Нема дилема, Прилеп знае да застане на правиот пат. Прилеп бил, Прилеп е и ќе остане на правиот пат, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во преполната сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Претседателот Заев, набројувајќи го успехот на државата рече дека огромното мнзинство од граѓанте и меѓународната заедница препознаваат дека државата е на прав пат.
-Во екот на вниманието на цела Европа се вперени кон нас затоа што испорачавме, сработивме. Целиот демократски свет го потврди нашиот успех, никој нема дилема, тоа е патот по кој треба да одиме и да продолжиме.Нема да дозволиме повторно да не водат криминалци, да ја вратат државата од таму од кадешто ја извадивме, од калта, ќе продолжиме по правиот пат, порача претседателот Заев.