Centar.mk
БИЗНИС

Нова цена на горивата во Македонија по викендот – Не чека ли поскапување?

Од понеделникот се намали цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остана непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 66,50 ден/литар.

Се намали и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно сега мазутот се продава по цена од 32,954 ден/кг.

Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

По викендов не чека нова промена на цената на горивата. Останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин бензин.

Можеби ќе ве интересира

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати – ефикасна реализација на мерката за ранливите потрошувачи

ДЕСК

ДРАМАТИЧНО ПОКАЧУВАЊЕ НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Повторно силен раст на барелот

ДЕСК

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

ДЕСК