Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Свесни сме дека платите во образованието се мали, но толкави се капацитетите на државата

„Јас ги почитувам работничките права. Правиме максимални напори, ако се откажат од тие 10 отсто, а тешко ги наоѓаме парите, ќе видиме што ќе направиме, рече прмеиерот Заев.

– Свесни сме дека се ниски платите во образованието, но капацитетите на државата се тие. Двапати веќе ги зголемивме платите во образованието од по 5 отсто и зборуваме од 1 април за ново покачување од 10 отсто“, додаде премиерот.

Ова доаѓа по најавите од Синдикатот за образование, наука и култура дека на 11 ноември ќе штрајкуваат и дека не го прифаќаат најавеното зголемување на платите од 10 отсто во април следната година.

„Апелирам до СОНК за разумност. Верувам дека ќе изнајдеме заемно прифатливо решение“, порача Заев. Синдикатот на образованието ја отфрли понудата на Министерството за образование и наука за покачувањето на платите од 10 отсто од април и бараат зголемување од јануари, но не за 10 проценти, туку повеќе.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +