24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Првата светлина од руско-германскиот телескоп во длабоката вселена

Проектот за мапирање на универзумот, во соработка со руски и германски научници, ги даде првите резултати три месеци по лансирањето. Научниците се надеваат дека сликите од длабоката вселена ќе помогнат во решавањето на мистериите за потеклото и иднината на универзумот.

Руско-германската мисија за мапирање на универзумот од длабоката вселена ги претстави своите први рендгенски снимки на објекти оддалечени стотици милиони светлосни години. Сликите пристигнаа по тримесечното патување во орбитата 1,5 милиони километри од Земјата.

Опсерваторијата Spectrum-RG, во која се наоѓаат рендгенски телескопи, германската eROSITA и рускиот ART-XC, треба во наредните четири години да направат слики од космосот милијарди години наназад.

Некои од првите слики од масивниот простор, кои пристигнаа на 22 октомври, покажаа екстремни флуктуации во интензитетот на супермасивната црна дупка и брзото пулсирање на неутронска ѕвезда. Тие исто така ја потврдија интеракцијата на пар галактички групации и остатоци од експлозија на ѕвездите или супернова.

Научниците се надеваат дека сликите од Spectrum-RG ќе ги откријат тајните за потеклото и иднината на универзумот./Makfax