Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицотакис предлага нашиот бренд да се вика “Macedonia”, а нивниот “Makedonia”

Грчкиот премиер Мицотакис се обидува да го исполни своето предизборно ветување и преговара со грчките извозници за моделот со кој тие ќе ги брендираат своите производи во согласност со Договорот од Преспа, пренесе 360.

Според спогодбата, на потрошувачите треба да им се разграничи кој продукт е од Северна Македонија а кој од Грчка.

Медиумите во Грција пишуваат дека Мицотакис предлага разликата да се направи на тој начин што трговските марки од Северна Македонија, во светски рамки би биле брендирани со името „Macedonia“ a за продуктите од грчка Македонија би се користел називот „Makedonia“.

Тој оваа идеја ја претставил пред претставниците на Грчката асоцијација на извозници на состанокот одржан во Солун.

Оттаму велат дека до неа дошол откако на Гугл пребарувал со зборот „macedonia“, и дошол до заклучок дека најголем дел од резултатите водат до Северна Македонија, додека од „makedonia“, тие се поврзуваат со Грција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +