Centar.mk
КУЛТУРА

Концерт на Фоивос Девлиоријас вечерва во МКЦО

Фестивалот на грчки филм и култура годинава има и еден голем ексклузивитет – тоа е специјалниот концерт на еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години, бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе одржи концерт вечерва (25 октомври) во клуб-ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа пригода и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови.

Покрај уникатната можност на едно место да се погледнат повеќе нови одбрани грчки филмови, познатиот грчки музичар и текстописец ќе изведе посебен перформанс пред скопската публика, нудејќи неповторлива изведба на филмска музика од познати грчки филмови.
Станува збор за амблемски песни, кои се дел од Дасиновата „Фаедра“, „Ремпетико“ на Фери, Казановиот „Америка Америка“, „Јастог“ на Лантимос или од старите популарни грчки мјузикли и филмовите на Тео Ангелопулос, кои го водат слушателот на имагинарно патување во филмска индустрија, која патувала надвор од границите на Грција.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА НАГРАДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ – „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски освои Гран при во Токио

ДЕСК

Утре во КИЦ: Соња Стојменска-Елзесер ќе ја промовира „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски

ДЕСК

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК