Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зекири: Тимоние е брифиран од погрешни луѓе, од бившиот советник на Иванов

Не можеме да се согласиме со ставот на францускит претседател Тимоние. Макрон направи историска грешка која ја препознаа 27 лидери, изјави вечерва во „24 Анализа“ на 24ТВ Мухамед Зекири од СДСМ.

– Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов– рече Зекири.

Зекири порача дека ние како држава сме ја исполниле задачата кон ЕУ, но, како што рече на Албанија и Северна Македонија им е направена историска грешка и неправда.

– Франција е голем пријател на земјава, но жал ми е што Тимоние е брифиран од погрешни луѓе. И денес бугарскиот премиер Борисов рече дека виновна е опозицијата за недобивањето датум. – рече Зекири.

– Франција не е крива, можеби е крив францускиот бренд Луј Витон – му реплицираше Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +