26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ инвестираа 600 милиони евра на проектот Скопје 2014, ние инвестиравме 800 милиони евра во патишта,затоа сме на правиот пат!

Драго ми што можам да зборувам за придобивките кои ги имаат граѓаните во инфраструктурата во североистоичниот дел на нашата држава.- истакна Благој Бочварски, претседателот на комисијата за транспорт и врск и член на ИО на СДСМ на граѓанската трибина на СДСМ „На Прав пат“ во Крива Паланка

Во програмата „План за живот во Македонија“ во 2016 година, излеговме со план за вложување во инфраструктурата за наредните 10 години во вредност од 3 милијарди евра за изградба за патишта. И додека ни се чудеа од тогашното раководство на државата, ние бевме сигурни, знаевме дека тоа е вистинскиот пат за развој на економијата, индустријата, безбедни и сигурни патишта за граѓаните.- потенцираше Бочварски.

Ветивме и дека за две год ќе вложиме 600 милиони евра,но ние го надминавме и тоа што го ветивме, денес имаме над 800 мил.евра вложување во патната инфраструктура.-додаде Бочварски.

Тој посочи дека освен реконструкцијата на патот Ранковце – Крива Паланка,кој ќе биде готов до средина на следната година и реконструкцијата на патот Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, се градат и целосно нови патни правци како што е експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, во вредност од 58 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ за исто толку изради Архив на Македонија проект на Скопје 2014 кој на никој ништо не му значи. Тоа е разликата , додека тие инвестираа 600 милиони евра на проектот Скопје 2014 ,ние инвестиравме 800 милиони евра во патишта.-истакна Бочварски пред преполната сала со граѓани во Крива Паланка.

Така и ќе продолжиме и понатаму и затоа ќе победиме, враќање назад нема! Да продолжиме сите заедно на правиот пат!-заврши Бочварски.