Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски во Крива Паланка: 11 години државата одеше назад, а денес сме светол пример, на 12 април добиваме чист мандат за да ги продолжиме политиките

11 години оваа држава одеше назад за време на владеето на ВМРО-ДПМНЕ, се случуваа процеси за кои во сите меѓународни извештаи беше потенцирано дека нема слобода, нема на говор и слобода на медиуми, дека уназадуваме демократски и економски и дека не одиме напред. Целиот свет беше загрижен за иднината на нашата држава. Но чест ми е што 11 години заедно со вас се боревме и ја ослободивме државата. порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на вчерашната трибина „На прав пат“ во Крива Паланка.

– Денеска нашата татковина е светол пример во регионот. Денес напредуваме на сите ранг листи и сме меѓу првите во регионот. И во економски слободи и во човекови права и во износ на инвестиции, во сите параметри сме меѓу првите во регионот. На прав пат сме и ќе продолжиме на прав пат. Денеска ја праќаме пораката дека на 12 април добиваме чист мандат за да ги продолжиме политиките што се во интерес на граѓаните, заклучи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +