Малолетничка била згмечена од вратата во автобус на ЈСП, по што паднала и била префрлена воГрадската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Настанот се случил вчера во правец кон Чаир, а случајот го пријавила мајката на девојчето.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот./Makfax