Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

Владата на последната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за одгледувачите на овци.

Дополнителната субвенција е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и е во висина од 400 денари по грло. Оваа дополнителна субвенција се носи поради проблемите со висината на цената на јагнето која што ја имаа одгледувачите на овци.

За да се намалат загубите на одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и корисници на подмерката 2.7 и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во период од 1-ви јануари 2019 година до 30 -ти јуни 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК