10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре неработен ден – Потоа споен викенд

Денот на Македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните им го честитаат Денот на Македонската револуционерна борба.

Ни остана уште продолжен викенд до крајот на 2019 година, а тој ќе го имаме дури до декември, односно. На 8. декември, недела паѓа празникот Св. Климент Охридсски, па се префрла за понеделник и со тоа се добива продолжен викенд.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, па со тоа добиваме и еден продолжен викенд во декември.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Спонзорирано: