13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Германскиот амбасадор дециден дека земјава заслужува полноправно членство во ЕУ

Германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија.

„Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ“, порача денеска германскиот амбасадор на одбележувањето на почетокот на градбата на германската компанија „Гересхajмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.

Во овој контекст, амбасадорот порача дека Германија ќе продолжи да ги мотивира своите компании да инвестираат во Северна Македонија.

„Во повеќе од 200 компании во кои има германски капитал се вработуваат 20.000 граѓани на Република Северна Македонија. Нашите инвестиции ќе учествуваат во натамошното создавање на здрава економија во земјата за да биде конкурентна на европскиот заеднички пазар“, подвлече Герберих во своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК

Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата, соопшти Филипче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.