23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Mоја одговорност се изборите, го вратив мандатот на граѓаните

„Историска ќе биде одлуката на изборите, на повидок е она што треба да го избереме. Тргнавме скарани со сите, одалечени од НАТО и ЕУ, долгови на државата, скарани со сите, сега сме спротивно од сите.“ – изјави премиерот Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено.

Тој рече дека има земји членки кои самостојно одлучиле да не станат членки на Унијата. Ние имаме капацитет што да дадеме и верува дека Макрон ќе ја смени неговата реторика и дека не треба да се откажуваме и дека 27 членки биле за нас, единствено Франција била против. Ние треба да продолжиме да работиме за себе и да се докажеме и дека секој ден е важен за сите сфери во државата, рече Заев.

„Сакаме германски плати, треба да работиме 50% како што работиме кога одиме таму“. -рече Заев.

На прашањето како Македонија ќе докаже дека е спремна за ЕУ, Заев рече дека ЕУ дава конечна цел што треба да се постигне. Реформите не ни требаат за ЕУ, туку најмногу за дома и дека од сите земји на Западен Балкан, ни сме најсветол пример.

Заев потврди дека побарал средба и со претседателот Макрон преку амбасадорот Тимоние и нашиот амбасадор во Франција, но тоа не резултирало со успех. Заев истакна дека со Франција работеле како да има тука нивни инвестиции и дека е во интерес да имаме соработка. Тој потенцираше дека еден дел од советниците ќе се промени, а дел од нив се веќе сменети.

„Нема да дозволам никој да потенцира дека има вина во нас, Мојот начин за предизвикување одговорност се изборите. Го вратив мандатот на граѓаните.“ – рече Заев.

Сенатот во Стејд департментот денескаго ратификуваше протоколот и ова е исто што се случува првпат со нив, но добивме и нов пријател, Грција.

„Со пријатели и добар амбиент, може да очекувате напредок.“ – рече Заев