22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Колку ќе ве чини да започнете нов живот?!

Државите не сакаат да ги шират таквите информации, но на богатите луѓе секако им е овозможено да добијат дозвола за трајно жителство и државјанство, секако ако добро платат.

Малта неодамна изнела импресивна понуда на маса – можете да купите државјанство во оваа земја и со тоа и пасош од ЕУ за само 650.000 евра, но поради противењето на опозицијата во оваа земја, овој предлог моментално е на „чекање“.

Но оваа земја не е единствена. Карипската опција е најевтина – 100.000 долари за „инстант“ државјанство во Доменикана, односно 250.000 долари за Сент Китс. Но затоа пак Австрија е многу „посолена“ во тој поглед, а во оваа земја државјанство ќе добиете за 10 милиони американски долари.

Англија се грижи поради овој тренд во светот и поради непродуктивните емигранти кои влегуваат на берзата на трудот, но нејзината понуда е послаба од онаа на Малта и чини 1,6 милиони долари, но само за престој.

Продавањето на визите за престој во Европа станаа моќна индустрија поради светската криза, затоа што на овој начин земјите се обидуваат да привлечат странски капитал.

И Кипар игра на таа карта, па ако некој во нејзините банки изгубил капитал од три и повеќе милиони долари може да добие траен престој во Кипар.

Дури и Америка е во овој бизнис и таа ветува траен престој во неа, но секој кој ќе дојде со капитал мора да создаде 10 нови работни места.

Еве колку чинат државјанствата или тајните престои во некои од најатрактивните дестинации:

  •     Доминикана – 100.000 долари
  •     Сент Китс – 250.000 долари
  •     Грција – 344.575 долари
  •     Кипар – 413.490 долари
  •     САД – 500.000 долари
  •     Португалија – 689.150 долари
  •     Малта – 895.895 долари
  •     Хонг Конг – 1.289,810 долари
  •     Англија – 1.644,000 долари
  •     Сингапур – 2.000,000 долари
  •     Австралија – 4.700,000 долари
  •     Австрија – 10.000,000 долари