Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори, ако премиерот Зоран Заев не се предомисли.

„Очекувам и да се премисли до утре бидејќи станува збор и за Зоран Заев, знаете кај него и работите се менуваат на часови во основа. Но ајде да претпоставиме дека овој пат ќе биде конзистентен и очекувам да го слушнам предлогот, да видам што подразбира под тоа брзи предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Тој додадека дека ВМРО-ДПМНЕ месеци наназад бара предвремени избори.

„Јас и вчера зборев, избори не како избори за пуста власт, туку избори за да направиме нешто што ќе ја определи иднината и развојот на оваа држава. Онака како што треба да се развива. И затоа е потребен политички консензус. Претпоставувам дека тоа ќе го разговараме утре. Еве самиот тоа го најави доколку не се премислил. Па ќе видиме, ќе разговараме“, рече Мицкоски и додаде дека е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Какво ќе биде времето на новогодишната ноќ?

ДЕСК

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК