Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Политиките за извлекување од сиромаштија даваат резултат, зголемување на животниот стандард и намалување на трошоците кај 300.000 граѓани, велат од СДСМ

СДСМ како одговорна партија, во изминатите две години спроведе низа мерки и политики кои обезбедуваат зголемување на животниот стандард, намалени трошоци и намалување на стапката на сиромаштија, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Минималната плата се зголемува на 14.500 денари, што е за 2.000 денари повеќе од сегашниот минимум, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот во текстилната, кожарската и чевларската индустрија во 2016 година.

Воведовме социјална реформа која го подобрува животот на околу 300.00 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Тоа е многу важно за извлекување од детска сиромаштија.

За оние граѓани кои не ги исполнуваат условите за добивање пензија, воведовме социјална државна пензија, а наскоро се очекува значително зголемување на сите пензии.

Трајно го решивме проблемот со стечајните работници. Со последните измени на Законот за стечајци, за 12.000 наши сограѓани е обезбеден месечен надоместок од над 8.000 денари кој ќе го добиваат до нивно пензионирање.

Паралелно со ова, ги намалуваме и трошоците во домаќинствата што е во насока на полиитките за извлекување од сиромаштија.

Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата, намалени се сметките за парно, а во неколку општини, намалена е и цената на водата за пиење.

СДСМ како партија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК