Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите од регионот и јасно да каже дали повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан.

„Најмалку што му должи Европската Унија на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат“, порача шефот на македонската дипломатија.

Тој воедно упати благодарност до сите лидери што се бореле ЕУ да отвори пристапни преговори со земјава.

На крајот, Димитров порачува дека додека земјава очекува обвновување на консензусот, внатрешно мора да продолжи да ги брани и да се залага за вистинските европски вредности.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК