Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: Изненаден сум од аматеризмот на опозициската дпмне, од немањето грам државност, политички сенс во време на најголема трпеливост на граѓанството

Фејсбук статус на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ:

Очајот на опозицијата.

Изненаден сум од аматеризмот на опозициската дпмне, од немањето грам државност, политички сенс во време на најголема трпеливост на граѓанството.

Граѓаните тоа го препознаваат и соодветно политички ќе реагираат.

Да се разбереме патот на интеграцијата го трасира СДСМ, дпмне на секој можен начин се обиде да го уништи и не успеа.

Направените реформи од владата на СДСМ никој не ги оспорува, напротив сите ги поддржаа.

Јас сум сеуште оптимист за процесот, но што и да се случи, совеста ми е мирна оти во ова време како одговорни политичари направивме се, за да бидеме во овој процес.

Огромни се разликите.
Ние сме на страната на прогресот, развојот, перспективата.

ДПМНЕ е заглавено во обидите на секој можен начин дури и во такви важни моменти за државата, да си ги заштити криминалците во своите редови, играјки си со емоциите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК