15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Димовски: Реформите во институциите продолжуваат, на прав пат сме, градиме стручна и ефикасна администрација

СДСМ како одговорна партија, останува посветена на реформата во јавната администрација, која се наоѓа на прав пат, рече на прес конференцијата на СДСМ, Методија Димовски, претседател на Комисија за информатичко општество и јавна администрација на СДСМ.

– Зa остварување на главната цел – „создавање стручна и ефикасна администрација“, во Програмата за живот, како една од од основните мерки, понудивме ревидирање на постоечкиот систем на обуки за административните службеници, но и воведување на систем на обуки и за високите раководни службеници.

Во тој контекст, Владата предводена од СДСМ, со новиот Закон за инспекциски надзор, воведува целосно нов систем за обука на сите инспектори, вклучително и за кандидатите за инспектори. Имено, почнувајќи од 2020 година, покрај специјализираните обуки од областа во која работи, секој инспектор има обврска да посети најмалку уште три обуки од генерички карактер за подигнување на сопствените перформанси, соопшти Димовкси.

Според Димовски Канидидатите за инспектори, пак, ќе бидат подложени на интензивна 12-месечна обука, низ која ќе се стекнат со сите неопходни знаења и вештини за квалитетно и успешно реализирање на работните задачи.

– Исто така, со предложените измени на Законот за административните службеници, се предвидуваат сериозни унапредувања на системот за обука на административните службеници, преку воспоставување на Академија за обука и развој на администрацијата, како орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.

Академијата, меѓу другото, ќе се грижи и за „Системско прибирање и обработка на податоци за унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата и податоци од важност за развојот, подготовката, спроведувањето, верификацијата и вреднувањето на програмите за стручно усовршување и водење документациски и информатички бази.“, соопшти Методија Димовски од СДСМ.

-Токму оваа надлежност на Академијата, претставува ефектуирање на конкретната активност од Програмата за живот, со која СДСМ вети „создавање на централизирана база на податоци за обуки, за нивно подобро користење, анализа и унапредување“.

Конечно, со нацрт на Законот за висока раководна служба, чија цел е целосна деполитизацијата и професионализација на високите позиции во администрацијата, системот за обука се проширува и на избраните и именуваните лица, бидејќи овој закон предвидува високите раководители, односно извршните секретари и извршните директори, постојано стручно да се усовршуваат и развиваат, заради успешно остварување на институционалните цели и другите нивни работни задачи.

Овие три закони, Законот за инспекциски надзор, нацрт Законот за висока раководна служба и нацрт измените и дополнувањата на Законот за административните службеници, реализираат голем број од конкретните активности и мерки кои СДСМ ги предложи со Програмата за живот, вклучувајќи и „започнување на процес на широки консултации со заинтересираните страни за воспоставување на нов систем на оценување во јавниот сектор“.

Имено, се унапредува досегашниот неефикасен систем за оценување на административните службеници, се воведува систем за оценување на учинокот на високиот раководител, врз основа на степенот на спроведување на годишниот план за работа и извршувањето на утврдените годишни цели. Основата на сите овие системи се параметри кои се видливи и можат да се мерат, како што се редовност во работењето, ефективност, ефикасност, професионалност и стручност при извршувањето на работните задачи.

СДСМ останува НА ПРАВИОТ ПАТ и ќе продолжи активно да ја следи реализицијата на постојните политики и стратегии, но и да креира нови мерки за реформа на јавната администрација, кои ќе бидат усогласени со политиките на Европската унија, потенцираше Димовски од СДСМ.

Спонзорирано: