16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска: Кавадарци доби нов простор за згрижување на 125 деца во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска го пуштија во употреба проширениот дел од градинката „Снежана”. Со доградбата на овој објект, но и со доградбата на градинката „Детелинка“, Кавадарци добива дополнителен простор за згрижување на вкупно 125 деца.

„Нашата цел, како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, посебно во другите градови низ Северна Македонија и во руралните места бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата“, изјави министерката Царовска во Кавадарци.

Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека со последните проширувања бројот на деца на листа на чекање е нула.

„Новиот дел на Снежана е со површина од 187 метри квадратни и градинката место претходните 9 занимални сега има 11, со тоа вкупниот капацитет се згоемува на 178 деца”, рече Јанчев. Покрај доградбата на „Снежана” доградба е направена и на градинката „Детелинка“, каде што има дополнителен простор за згрижување на 87 деца во 5 воспитно згрижувачки групи. Со доградбата на објектот „Детелинка“ вкупниот капацитет ќе биде за 225 деца до 6 годишна возраст, кои ќе бидат опфатени во 14 воспитно згрижувачки групи.

Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите, кај вработените во градинките платите се зголемија за 21%. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК