7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кој е убиецот Филип Секуловски – Кобра? – Вечерва е уапсен поради убиството на Мартин Јанушев

Како што објави CENTAR.mk предмалку, 25-годишниот Филип Секуловски викан Кобра е фатен вечерва за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.

Тој според информациите кои во 2017-та ги објави МВР, пукал сам и пред околните камери од видео надзорот.

Тој и претходно беше бегалец од К.П.Д. Издризово за друго дело. Управата за санкции ден пред убиството на 2 Ноември му одобрила слободен викенд, оттогаш му се губи секаква трага.

Секуловски не се врати во понеделникот, бидејќи според полицијата на 3 ноември 2017-та, петок , дошол пред зградата на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев и со пет истрели го усмртил на плочникот, бегајќи во непознат правец.

Убиецот Филип Секуловски викан Кобра вечерва беше уапсен од страна на македонската полиција. Како што дознава Centar.mk, убиецот е веќе во затворот Шутка.

Спонзорирано: