Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Клучна пречистителна станица за потпелагонискиот регион: ЗМЖСПП Јани Макрадули и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на увид на новата пречистителна станица

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, денеска беа на увид на новата пречистителна станица, клучна за животната средина и Пелистер. Оваа пречистителна станица е една од предностите што ги има Општина Битола и Националниот парк „Пелистер“, истата претставува голем потенцијал за развојот на туризмот во Општина Битола.

„Во рамки на проектот за подобрување на управувањето на заштитените подрачја, започна изградбата на пречистителната станица за собирање на сите отпадни води на територијата на Националниот парк „Пелистер“ со капацитет 500 еквивалент жители“, истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Овој проект не само што ќе придонесе за заштита на животната средина, туку и ќе го придвижи развојот на туризмот во најстариот Национален парк во Република Северна Македонија.

„Затоа и се имплементира овој проект, за кој што Општина Битола учествуваше и со финансиски средства директно од буџетот на општината, со над 15.000.000 денари, дополнително на тоа дојдоа средства од Министерството за животна средина кои што локалните самоуправи ги добиваат согласно законските одредби, меѓутоа и помошта од УНДП со над 9.000.000 денари за изградба на оваа пречистителна станица“, додаде Петровска.

„Колекторскиот систем заедно со испустот е некаде околу 2.029 метри, кој што ќе овозможи отпадните води кои што досега не биле третирани од потпелистерието да бидат опфатени како што доликува и како што налагаат светските стандарди. Ова покажува дека вршиме навистина сериозен пристап кон понатамошниот развој на потпелистерието во однос на туризмот. Затоа ме радува што денес имаме ваква фаза на имплементација на овој проект, кој што во пролетниот период треба да биде завршен“, истакна Петковска.

Во тренд…