На 28.08.2026 година во 23:30 часот во СВР Охрид, приведени се двајца жители на Велес, на возраст од 37 и 35 години, по претходна пријава дека во охридското село Пештани, заедно со други две лица, физички нападнале 22-годишен жител на Битола и 19-годишен жител на Прилеп.
При извршено алкотестирање, кај 37-годишниот велешанец биле констатирани 2,44 промили, додека кај 35-годишниот биле констатирани 1,84 промили алкохол во крвта.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.


