Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Левица: Муцунски гласаше за ембаргото на Куба иако 130 држави се спротивставија на санкциите на САД

Соопштение на Левица:

Вчера, Македонија гласаше против 34-тата по ред резолуција на Генералното собрание на ОН за укинување на американското ембарго врз Куба. Со ова, македонската дипломатија отстапи од својата долгогодишна позиција и се приклучи на малцинството држави што се спротивставија на резолуцијата.
За укинување на ембаргото гласаа 130 држави, додека само 17 беа против, меѓу кои Македонија, САД, Израел и Украина. Ваквото гласање јасно покажува каде лежат приоритетите на Владата на ДПМНЕ и чии интереси ги застапува македонската дипломатија.

Со овој потег Министерството за надворешни работи, предводено од Тимчо Муцунски, продолжува со политиката на политички авантуризам без било какво сериозно образложение за причините за таквата постапка. Меѓу другото, оваа Влада која се повикува на европски вредности мора да разјасни како оваа одлука се вклопува во нејзината декларативна определба за европска интеграција.

Јасно е дека гарнитурата на ДПМНЕ станува сѐ поочајна во надворешно – политичките потези, а Муцунски со секој наерден чекор ја изедначува дипломатијата со онаа на моменталната гарнитура во Вашингтон. Прашање е што е следно и по кое важно геополитичко прашање срамните вмровските акробации ќе ја загрозат јавноста и ќе ја посрамотат македонската нација.

Бараме образложение од Муцунски во чие име гласаа нашите претставници, од кој беше донесена ваквата поразителна одлука како и да сподели конкретни аргументи за гласањето против резолуцијата. Нема да дозволиме надворешната политика да се претвори во механичко следење на интересите на транзиторни гарнитури, особено кога станува збор за прашање за кое Македонија со децении имала автентична позиција.

Македонија мора да има сопствен глас во Обединетите нации, а не да биде статист во туѓите геополитички пресметки.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

ДЕСК

Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

ДЕСК