12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Зошто ни „игра“ окото?

Секој барем еднаш искусил некој вид на очно грчење, кое често се опишува како „играње“ на окото или подрачјето околу него.

Обично го погодува горниот или долниот капак, а траењето може да варира, па некогаш да трае и со денови, недели, дури и со месеци.

Тоа е сосема вообичаена состојба и почесто претставува оптеретување отколку што има било какви последици. Во поголемиот број на случаи, показател е на помали здравствени проблеми:

Умор: Најверојатно ви недостасува сон.

Стрес: Обидете се со техники на опуштање, јога или медитација.

Кофеин: Можеби би требало да ја намалите количината на кафе која ја пиете.

Иритација на окото: Ако неодамна сте имале некоја иритација на окото, не е чудно ова да ви се случува.

Пушење: Можеби е време да ги оставите цигарите.

Покрај константното грчење, може да се јави и замаглен вид или осетливост на силно светло. Во секој случај, не грижете се, „играњето“ на окото не може да ви го оштети видот.

Во многу ретки случаи, играњето на окото може да биде знак за посериозна здравствена состојба, како на пример проблеми со нервите (Тоуретов синдром), парализа на нервите или воспаление на очниот капак. Меѓутоа, во овие случаи грчевите се јавуваат зачестено и обично ги погодуваат двете очи.

Спонзорирано: