Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седумдесет и осум години од почетокот на народноослободителната војна

Седумдесет и осум години од почетокот на антифашистичкото востание и почетокот на народноослободителната војна ќе бидат одбележани денеска во Куманово, Прилеп и во Скопје, во присуство на членови на Владата, Собранието, претставници на политичките партиите, на Сојузот на борците, дипломатскиот кор и граѓански организации.

Востанието против фашизмот го означува и почетокот на борбата за ослободување на македонскиот народ.

Со својата вооружена борба, Македонија станала жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври. 1941 година.

Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Првата го нападнала бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата имала задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК