9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ново-осомничените повикани во Кривичен суд за случајот “Рекет”

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница , заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопшти утрово Основениот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, се вели во соопштението од Судот, во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.