19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Илијев: Од задолжена општина денес Кочани е општина со реализирани бројни проекти во сите сектори, на прав пат сме!

-Затекнавме задолжена општина, но со многу ентузијазам, домаќинско и отчетно работење успеавме да ја изнесеме општината на прав пат. Па така, уште во првите 6 месеци од доаѓањето на власт успеавме од задолжена да направиме раздолжена и ликвидна општина. -истакна градоначалникот на Кочани ,Николчо Илијев на вчерашната граѓанска трибина под слоганот „На прав пат“ во Кочани.

Тој посочи дека само со посветено и одговорно работење во сите сегменти, со рамномерен регионален развој на општината се постигнуваат реални резултати, од кои денес граѓаните ги користат придобивките.

Илијев ги посочи проектите на кои се работеше изминатиот период , но и проектите кои се во тек. Изградба на нова детска градинка по нови современи стандарди после 35 години, дневен центар за лицата со попреченост, домашна посета за лицата на кои им е потребна, како и изградба на дом за стари лица која треба да започне во периодот кој следува се дел од проектите кои се од големо значење за граѓаните од оваа општина.-посочи Илијев.

Преку реконструкција на патот кон туристичкиот комплекс Пониква, го развиваме туризмот, а воедно работиме и на решавањето на проблемот со водоснабдувањето на комплексот и околните населени места. – додаде Илијев.

Со домаќинско работење и раководење на општината за една година се заштедија 150 илјади евра од школскиот превоз, а средставата се пренаменија за реновирање на училиштата, со цел нашите деца имаат подобри услови за школување. Надвор од буџетските средства обезбедивме околу 8 милиони евра наменети за инфраструктурни проекти кои се од големо значење и интерес на граѓаните.- посочи Илијев.

Градоначалникот Илијев на крајот истакна дека општина Кочани продолжува и понатаму посветено да работи на обезбедување на подобри услови за живот за граѓаните на оваа општина преку бројни проекти кои се во тек и ќе се реализираат во периодот кој следува.

Спонзорирано: