Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се подобрува патната инфраструктура на регионалниот пат од село Слоештица – село Вирово

Започнаа со засилено темпо да се одвиваат градежни активности со реконструкција на регионалниот пат од с. Слоeштица кон с. Вирово, во должина од 5 km и ширина од 3.5 m, а градоначалникот Стојановски придружуван со директори од Јавни претпријатија и Установи денеска изврши увид.

После 40 години се асфалтира оваа делница со која решава повеќегодишниот проблем, со средства обезбедени од Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (вкупна вредност од 12.000.000 денари), а изведувачи се ЈП „Македонијапат“, Битола, во соработка со ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.

– Ги подобруваме условите за живот во населените места Вирово и Слоештица. Ќе продолжиме интензивно да работиме во реализација на проекти за подобра и поквалитетна инфраструктура на територијата на Општина Демир Хисар, рече градоначалникот.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК