16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Изградбата на новите 5 градинки обезбедува простор за дополнителни 760 деца, на прав пат сме

-Како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваме дека вистински се залагаме за подобар живот на сите граѓани. Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме. Потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен. За оваа намена обезбедени се 228 милиони денари или 3.7 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Живковиќ додаде дека со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца.

-Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование.

Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата, е правиот пат. Продолжуваме и понатаму вистински да се грижиме за сите граѓани! – рече Живковиќ.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК