Фудбалерот Кристијано Роналдо (34) е горд татко на четири деца, два сина и две ќерки. Португалецот го поминува секој слободен момент со своето семејство – свршеничката Георгина Родригез (25) и четирите малолетни деца.
Двојката честопати споделува семејни фотографии на социјалните мрежи, а на последната што ја сподели Роналдо, семејството позира на кауч со големи насмевки на лицата.
„Најдобар начин за почеток на викендот“, напиша фудбалерот на „Јувентус“ во описот на објавата која доби повеќе од седум милиони лајкови и многу коментари од одушевените обожаватели.
Роналдо и Георгина се заедно уште од 2016 година, а се запознале на забавата на модниот бренд „Долче и Габана“. Во тоа време таа работела како продавачка во мадридската продавница на славниот Диор, но откако фудбалерот се заљубил во неа, Георгина дала отказ и се посветила на семејството и на модната кариера.
Три деца на Роналдо се родени од сурогат мајка, додека Георгина му ја роди ќерката Алан Мартин (1).