Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Николовски на трибина во Гевгелија: На прав пат сме, ги остваруваме стратешките цели, ги враќаме парите кај граѓаните

Пред само 2 години бевме на работ на граѓанска војна, од држава која беше поделена и изолирана, државата ја доведовме на прав пат и денеска сме светол пример – со овие зборови генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ја отвори денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија.

-Ветивме дека државата ќе ја изведеме на прав пат и еве сме, државата е на прав пат. Се остваруваат стратешките цели на државата. Свесни сме дека треба уште многу работа, не очекуваат уште многу предизвици, но сите сме посветени на иднината и доброто за граѓаните. За кратко време ќе бидеме и формално 30 земја членка на НАТО. После се што направивме со право очекуваме да ги започнеме преговорите со ЕУ за полноправно членство. Го исполнуваме сонот на генерациите да бидеме дел од НАТО и ЕУ, рече Николовски.

На прав пат сме, потенцираше Николовски, затоа што клучните мерки од она што е во нашата програма го исполнивме.

– Ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината цена на струјата, ги намаливме нотарските и извршителските трошоци.

Тоа се дел од мерките за намалување на трошоците кои секој месец ги имаат граѓаните. Тоа се вистински политики, тоа е прав пат!

Нашата програма се темели на две клучни работи, од една страна да враќаме пари кај граѓаните, а од друга да ги намалуваме трошоците за живот и тоа го реализираме, додаде Николовски.

-Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 12.500 денари и повторно разговараме, делуваме да ја покачивме. Просечната плата ја зголемивме за 2.000 денари за 2 години. Нема да застанеме тука, имаме нови мерки за стимулирање на растот на платите. Се грижиме за работниците и го цениме нивниот труд. Отвораме можности за младите за сопствен бизнис, рече Николовски.

Генералниот секретар истакна дека денес целата држава денеска е едно големо градилиште, каде и да се оди се гледа тоа.

-Еве доаѓам кон Гевгелија, по нови автопатски делници, обновени коловозни ленти, нови улици. Гледам по пат се градат патишта како никогаш досега. За само 2 години 500 километри патишта, 400 километри водоводи и канлизации. Е да, тоа се големи бројки! Тоа е прав пат!, рече Николовски. Во секоја област имаме интензива градежна офанзива, додаде Николовски.

Во своето обраќање Николовски се осврна на политиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ се само за одбрана на криминалот и обнова на режимот, ништо друго не ги интересира. Затоа се против враќањето на парите кај граѓаните, против покачувањето на минималната плата, против социјалната помош, против интензивното градење патишта, посочи Николовски.

Со месеци се мачеа никаде ги немаше, сега гледаме едвај на маалски средби излегле, ние преку лето тоа го правевме. Нема што да понудат освен обнова на режим и криминал.

Ние продолжуваме по прав пат. СДСМ продолжува да се менува, да креира нови политики во интерес на граѓаните, рече Николовски.