Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Целата држава е големо градилиште, 500 километри нови патишта, 400 километри водоводи и канализации, водовод и во Гевгелија

Целата држава денеска е едно големо градилиште, каде и да се оди се гледа тоа, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва пред гевгеличани.

-Еве доаѓам кон Гевгелија, по нови автопатски делници, обновени коловозни ленти, нови улици. Гледам по пат се градат патишта како никогаш досега. За само 2 години 500 километри патишта, 400 километри водоводи и канлизации. Е да, тоа се големи бројки! Тоа е прав пат!, рече Николовски.

Во секоја област имаме интензива градежна офанзива, додаде Николовски.

-43 градинки ширум републиката, нови и обновени полициски станици, локална инфраструктура, локални и регионални патишта, прочистителни станици, а во Гевгелија нов водовод, тоа градиме, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на вечерашната трибина „На прав пат“ во Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК