Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот Заев: Концептот за враќање на парите кај граѓаните е прав пат!

Во своето обраќање на граѓанската трибина ,,На прав пат” во Штип претседателот Зоран Заев порача дека концептот на враќање пари кај граѓаните е правиот пат за развој на државата.

– Ја покачивме минималната плата но сега отворен е процес за ново сериозно зголемување на минималната плата за сите работници. Преку реални економски политики успеавме просечната плата да ја зголемиме, за две години околу 2.000 денари. И не застануваме тука, имаме нови мерки за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите на работниците до 100 евра.Да, концептот за зголемување на платите е прав пат! порача Заев.

Претседателот Заев се осврна и на мерките што ги намалуваат трошоците за живот и обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.

– Укината е радиодифузна такса за сите, воведена е евтината дневна тарифа на струјата. Но овде во Штип дополнително е и намалувањето на цената на водата што севкупно ги намалува трошоците на домаќинствата. Со повратот на 15 отсто од ДДВ само во првите три месеци враќаме над 3 милиони евра кај граѓаните, а првото враќање ќе биде на почетокот на декември. Концептот за повеќе пари кај граѓаните е прав пат! истакна претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +