Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Изгмечете банана и додајте ги овие две состојки, нема да имате мака со кашлање

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се решите од болното и воспалено грло, кашлицата, а дури и од стомачните проблеми, тврдат добро упатените.

Состојки: 400 мл зовриена вода, 2 средни банани со црни точки, 2 лажички мед

Излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Потоа ставете ги во лонец и додајте зовриена вода. Оставете ги половина час. Кога смесата ќе се излади, додајте мед. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го измешате со врела вода, ќе ги изгуби своите лековити својства.

Пијте по 100 мл од оваа напивка четири пати дневно. Количината на состојките од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Резултатите ќе бидат видливи после 5 дена!

Можеби ќе ве интересира

Ослободете се од вишокот на килограми со балансиран напиток богат со витамини, протеини и диетални влакна

ДЕСК

Дали имате над 40 години? Овие намирници ќе ви го олеснат процесот на слабеење

C +

Како да уживате во овошјето, а сепак да внимавате на шеќерот

C +