Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје – Повредените со болничка се носеа во комплексот клиники

На 02.10.2019 околу 08.30 часот на крстосница од бул.„3-та македонска бригада’’, бул.„Србија’’ и бул.„12-та македонска бригада’’ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мазда 3’’, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(30) од Пробиштип и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(38) од Скопје.

По незгодата, А.Л. бил пренесен во Комплекс клиники,,Мајка Тереза’’ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Н.Ј. во Градската општа болница „Св. Наум Охридски’’ биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК