Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Укинати се квовите за лекови на рецепт, преку конкретни мерки го унапредуваме здравствениот систем

– СДСМ продолжува да реализира конкретни мерки кои обезбедуваат подобри услови и подобар живот за сите граѓани. Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови на рецепт. Граѓаните ќе можат да го подигнат соодветниот лек во која било аптека, кој било ден од месецот, соопшти денеска СДСМ.

Оваа мерка, според партијата, директно влијае да се намалат турканиците и паниката на граѓаните кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец, а воедно ги зголемува контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување.

Го враќаме достоинството на здравствените работници и ја зголемуваме грижата за пациентите. Се унапредува целокупниот здраствен систем како и условите во болниците. Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем и грижата за сите граѓани, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК