5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Илинден, Кисела Вода, Центар, Сопиште, Чучер Сандево и Ѓорче Петров.

– од 4 до 6 часот корисниците од населбите Илинден, Марино и Бела Земја, како и објектот на Белви (општина Илинден);
– во периодот од 8.30 до 12.30 часот корисниците од улицата Ефтим Спространов од бр. 30 до бр. 42, како и дуќаните лоцирани на крстосница меѓу улиците Трајко Иванов и Ефтим Спространов (општина Кисела Вода);
– од 8.30 до 13.30 часот корисниците од улиците Жил Верн и Есенинова, како и дел од корисниците од улицата Балканска (општина Кисела Вода);
– во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од улиците Караорман и Ганчо Хаџи Панзов (општина Центар);
– од 8.30 до 15 часот корисниците од улиците број 7 и 9 во село Горно Соње, како и дел од корисниците лоцирани на улиците блиски до нив (општина Сопиште);
– во периодот од 9 до 14 часот корисниците од населбите Голиево и Горно Оризари, објектите на пречистителната станица „Бразда“ и работилница „Златомир“ (општина Чучер Сандево), како и дел од корисниците од улицата 95 во село Волково (општина Ѓорче Петров);
– од 10 до 15 часот објектите на ресторантот „Опатија“ и билетарницата кај стадионот, како и дел од корисниците лоцирани кај стадионот (општина Центар);
– во периодот од 10.05 до 14 часот објектите на „Волво“, „Суташ“ и „ДМ транс“ (општина Илинден).

Спонзорирано: