Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три заштитни зони и контролирана урбанизација утврдени во Нацрт Планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион

Министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, и воедно претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство, денеска одржаа заеднички брифинг за новинарите на кој ги презентираа активностите и напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО за охридскиот регион.

Министерот Адеми потенцираше дека Владата сериозно го интензивира процесот на имплементација за препораките на УНЕСКО и дека тие се спроведуваат согласно предвидената временска рамка.

“Се интензивираат комуникациите со УНЕСКО, на политичко и експертско ниво, нешто што недостасувало долги години наназад. Нацрт Планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат. Во транспарентен процес Планот ќе биде доставен на увид на јавноста на интернет страниците на Министерство за култура, на Министерството за животна средина и просторно планирање, и на општините Охрид и Струга, во траење од 60 дена”, информираше Адеми на брифингот со новинарите.

Министерот Адеми истакна дека во Буџетот на Република Северна Македонија, се издвоени 50 милиони денари за ЈП Колекторски систем за оваа фискална година, како и дополнителни 88 милиони за финансирање на долговите на ЈП Проаква, која досега управуваше со колекторот.

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска на брифингот информираше за активностите поврзани со формирањето на меѓуресорскиот Совет за заедничко управување со природното културно наследство во охридскиот регион.

Дополнително Петровска акцентот на брифингот за медиумите го стави врз Нацрт планот за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион, кој што е усогласен со општините Охрид и Струга, и кој утврдува воведување на три заштитни зони и на воспоставување контролирана урбанизација, веднаш по донесувањето на Законот за урбанистичко планирање кој веќе е во постапка во Собранието на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК