Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и топло со температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +