Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Решен децениски проблем, укинати квотите за лекови на рецепт

СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните без проблеми ги подигнуваат потребните лекови од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв дека ќе се потроши квотата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец.

Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепти.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.

Го вративме достоинството на здравствените работници и постојано го унапредуваме системот за здравствена заштита.

СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем, се грижиме за сите граѓани, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК